Архитектура и градба - категорија

габарит повеќе

(едн.) габаритот
Вид збор: Именка, машки род
Надворешен обем на градба.
Англиски: measure Албански: përmasë, shtrirje

галерија повеќе

мн. галерии
Вид збор: Именка, женски род
Специјална просторија или градба наменета за изложување уметнички дела.
Англиски: gallery Албански: galeri
Долга, тесна просторија што поврзува други простории во дворци, палати, рудници или во воени утврдувања.
Англиски: gallery Албански: galeri

гардероба повеќе

мн. гардероби
Вид збор: Именка, женски род
Дел од мебел во којшто се чуваат алишта.
Англиски: wardrobe Албански: dollap
Простор со закачалки во некој објект (театар, кино) предвиден за оставање капути, мантили, палта и други лични работи на посетителите.
Англиски: checkroom Албански: garderobë

гарсониера повеќе

мн. гарсониери
Вид збор: Именка, женски род
Мал, еднособен стан.
Англиски: studio apartment

гентрификација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Урбанистички процес во кој во неугледни делови на еден град се населуваат граѓани од средна класа, пропратено со раселување на сиромашните кон периферијата.
Англиски: gentrification

гипсар повеќе

мн. гипсари
Вид збор: Именка, машки род
Занаетчија што се занимава со изработка на предмети од гипс.
Англиски: stuccoworker

гипсира повеќе

гипсираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Работи нешто со гипс, изработува нешто од гипс.

гипскартон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Картониран гипс што се користи за внатрешно уредување на простории.
Англиски: plasterboard

готика повеќе

(едн.) готиката
Вид збор: Именка, женски род
Стил на градба во Западна Европа од средниот век (по романиката, а пред ренесансата) што се карактеризира со високи, издолжени градби, катедрали и сл.
Англиски: Gothic

грагор повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ситни речни камчиња или добиени со дробење камен, кои се користат како градежен материјал.
Англиски: pebble

градба повеќе

мн. градби
Вид збор: Именка, женски род
Градење некаков објект, ѕидање, изградба.
Англиски: construction Албански: ndërtim

градеж повеќе

Види и: градба (ж.)
мн. градежи
Вид збор: Именка, машки род
градба
Англиски: construction Албански: ndërtim
Плет, ограда од прачки, камења и сл.
Албански: gardh

градежен повеќе

градежни
Вид збор: Придавка
Што служи за градба, што се однесува на градење.
Англиски: constructional

градежник повеќе

мн. градежници
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занимава со градење.
Англиски: builder

градежништво повеќе

(едн.) градежништвото
Вид збор: Именка, среден род
Стопанска гранка чија дејност е градење објекти; изведување на градежни работи.
Англиски: construction Албански: ndërtimtari

градилиште повеќе

мн. градилишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се гради.
Англиски: construction site

градител повеќе

мн. градители
Вид збор: Именка, машки род
ѕидар, архитект
Англиски: constructor Албански: ndërtues

градиште повеќе

мн. градишта
Вид збор: Именка, среден род
град
Англиски: town Албански: qytet

граѓа повеќе

мн. граѓи
Вид збор: Именка, женски род
градежен материјал
Англиски: construction material Албански: material ndërtimor

гранулат повеќе

мн. гранулати
Вид збор: Именка, машки род
Зрнест материјал; градежна маса во зрнца.
Англиски: granulate

греда повеќе

мн. греди
Вид збор: Именка, женски род
Долго, дебело и право дрво што се користи за градба.
Англиски: beam Албански: tra, direk

ГУП повеќе

Вид збор: Скратеница
Генерален урбанистички план
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш